Дома Трансфер зона Торино не се шегува, Белоти не „мрда“ нигде за помалку од „стотка!

Торино не се шегува, Белоти не „мрда“ нигде за помалку од „стотка!

Управата на Торино е одлучна во намерата да го задржи Андреа Белоти во своите редови доколку некој клуб не понуди 100 милиони евра.

Последен во низата клубови кои беа одбиени од Торино, беше Челзи кои за одличниот напаѓач испратил понуда од 62 милиони фунти.

„Тутоспорт“ пренесува дека на „сините“ им било нагласено да не се враќаат доколку за Белоти не спремат 100 милиони евра колку и што изнесува клазулата на Италијанецот.

Белоти е голема желба на Конте кој инситира овој трансфер да биде реализиран, но прашање е дали управата на клубот од Лондон е спремна да ја исплати сумата која ја бара англискиот клуб.

Конте се откажа од Диего Коста, иако Бразилецот со шпански пасош беше еден од најзаслужните за освојување на титулата на Челзи. На Конте му беше доведен Алваро Мората, но веројатно исталијанскиот стручњак баш и нема многу доверба и во Мишел Батшуаи па сака нов напаѓач.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Де Паул после само 6 месеци се враќа во Серија А

Родриго де Паул ова лето беше на мета на многу европски гиганти и се одлучи кариерата да ј…