Дома Фудбал Лига на шампиони Тонали уште малку ќе заплачеше пред новинарите, Жоржињо му се смееше 🎥

Тонали уште малку ќе заплачеше пред новинарите, Жоржињо му се смееше 🎥


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Во дербито на вечерта вчера Милан беше поразен од Челзи на „Сан Сиро“, а најмногу што се коментира после овој натпревар е судењето на главниот судија Даниел Зиберт.

Натпреварот комплетно се промени од таа 18. минута кога Германецот покажа на белата точка и го исклучи Томори. По натпреварот на ваквата одлука се жалеше играчот за врска на Милан Сандро Тонали.

„Во еден натпревар има многу такви дуели. Кога ќе дадете пенал после таков контакт за 18 минути…Како да игравме кошарка, секој допир беше фаул. Таков впечаток добив, имавме неколку жолти картони за смешни прекршоци само во првото полувреме“, коментираше Тонали.

Токму во моментите додека тој се жалеше на другата страна Жоржињо му „факаше сеир“ и му се смееше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчини се пожали дека Италија нема напаѓачи, се јави Балотели

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Поранешниот…