Дома Македонски спорт Томовски: Соиграчите и анализата пред натпреварот ми помогнаа да имам добар настап

Томовски: Соиграчите и анализата пред натпреварот ми помогнаа да имам добар настап

Мартин Томовски вчера одигра фантастичен натпревар против Словенија, но неговите одбрани на крајот сепак не беа доволни Македонија да се израдува на победа (27:25).

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Томовски истакна дека за неговиот одличен настап заслуги имала и одбраната која била на високо ниво.

„Изгубивме од Словенија, но во нашата игра видов многу позитивни работи. Одбраната беше на едно повисоко ниво, но малото невнимание и грешките скапо ги плативме. Имав добар настап, но затоа ми помогнаа соиграчите како и анализата пред натпреварот“.

„Натпреварот е зад нас, денес е нов ден и ќе се погрижиме да ги поправиме недостатоците. Ќе дадеме се од себе за позитивен резултат против Црна Гора“, изјави македонскиот голман.

Натпреварот со Црна Гора го играме утре од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пелистер го има голот на сезоната во ЛШ! (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во Лигата на шампио…