Дома Фудбал Лига на шампиони Томас Милер има свој фаворит од двомечот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити

Томас Милер има свој фаворит од двомечот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити

Фудбалерот на Баерн Минхен, Томас Милер изјави дека би сакал Реал Мадрид да се пласира во финалето од Лигата на шампионите, пренесува германски „Кикер“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Баерн беше елиминиран во четвртфиналето од Лигата на шампионите од екипата на Манчестер Сити. Реал и Сити минатата недела одиграа во Мадрид без победник 1:1, а реваншот на програмата е за два дена во Англија.

„Би сакал Реал Мадрид да се избори за финале во Лигата на шампионите. Навивам за Реал во овој натпревар поради Давид Алаба. Кога во прашање е фудбалот, сметам дека двата тима се одлични и дека играат атрактивен и добар фудбал. Ќе биде голем натпревар во среда, но повеќе би сакал Реал да игра финале“, изјави Милер.

Во второто полуфинале играат градските ривали Интер и Милан. Интер во првиот натпревар славеше со 2:0, а реваншот ќе биде одигран во вторник на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…