Легендата на Баерн Минхен, наредната година ќе стави крај на својата голема кариера.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Милер одлучил да се пензионира летото 2025 година, тврди германскиот „Кикер“. Најавите на познатиот медиум се дека 34-годишниот репрезентативец по крајот на кариерата ќе добие улога во клубот.
Дресот на Баерн, Милер го носи од 2000 година и досега одигра повеќе од 700 натпревари во кои постигна 240 голови и подели 265 асистенции.
Во актуелната сезона, Милер собра 35 натпревари во кои постигна пет гола и подели девет асистенции.