Дома Македонски спорт Мак баскет Тодоров: Ако се сите здрави, знам кои 12 играчи ќе бидат во составот

Тодоров: Ако се сите здрави, знам кои 12 играчи ќе бидат во составот

Во пресрест на на утрешниот натпревар против Естонија денес прес-конференција одржаа селекторот Тодоров и репрезентативецот, Крстевски.

Селекторот е задоволен од она што го видел на припремите.

„Влегуваме во последните 24 часа пред натпреварот последно што можам да кажам е дека одработивме еден циклус. Посебно сум задоволен што од вториот ден ги имав сите кошаркари на располагање. Во овој период успеавме нешто да тренираме и да ја подготвиме оваа „нова“ репрезентација. Имавме мали проблеми, неколку играчи пропуштија два тренинзи поради вирус, освен тоа на вчерашниот тренинг двајца играчи заработија повреди, меѓутоа се очекува да бидат на располагање и за вечерашниот тренинг“, изјави селекторот Тодоров.

„Ако се сите се здрави веќе го знам списокот и 12. играчи. Доколку се е во ред истите што ќе бидат во составот за Естонија ќе патуваат и во Русија“.

После селекторот зборуваше и репрезентативецот Бојан Крстевси.

„Имавме неколку дена заедно, можеби не премногу, но доволно. Задоволен сум како ги одработивме припремите. Наше е да продолжиме да се залагаме и да ги спроведеме замислите на тренерот на тренинзите“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Карачиќ: Столе е фраер од скопскиот асфалт, еден ден се гледам себе пак во Вардар!

Ракометниот реномиран сајт „Балкан Хендбол“ во овој период прави интервјуа со ракометарите…