Дома Трансфер зона Тоа е Мино Раиола: Халанд може во Јувентус, но ако биде пред Дибала, Игуаин, Бонучи, Киелини…!?

Тоа е Мино Раиола: Халанд може во Јувентус, но ако биде пред Дибала, Игуаин, Бонучи, Киелини…!?

Салзбург нема што да прави, на Австријците рацете им се врзани и за најголемиот талент во овој момент во европскиот фудбал, Ерлинг Хланд нема да добијат повеќе од 30 милиони евра.

За најголемите клубови, а само такви се интересираат за Халанд таа сума не е проблем. Последната вест гласи дека Јувентус е најблиску до Халанд, меѓутоа работата нема да оди лесно бидејќи преговарач на Халанд е контроверзниот и добро познат Мино Раиола.

„Тутоспорт“ на денешната насловна објави дека Раиола сака од Јувентус да извлече плата за Халанд во износ од осум милиони евра по сезона. Тоа е навистина огромна сума за еден 19 годишник. Иако Халанд постигна 28 голови на 22 натпревар сепак уште е само тинејџер.

Од друга страна Раиола знае дека во денешни услови на трансфер пазарот 30 милиони за Халанд се „ништо“, па и затоа си зема за право да бара големи примања.

Во овој момент најплатен кај Јувентус е Кристиано Роналдо со 31 милиони евра, додека следен е Матијас Де Лихт со осум милиони евра, плус четири ако се достигнат одредени бонуси. И Де Лихт е млад, меѓутоа тој дојде од еден гигант каков што е Ајакс кој имаше неверојатна сезона во Лигата на шампионите, додека Халанд игра за Салзбург и зад себе има само шест натпревари во најелитното европско натпреварување.

Гонзало Игуаин, Паоло Дибала, Арон Рамзи, Пјаниќ, Бонучи, Киелини…Сите би биле под Халанд!

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул и Реал се „тепаат“ за Брозовиќ

Марсело Брозовиќ игра фантастично оваа сезона и е еден од најзаслужните за добрите резулта…