Потврдено уште еднаш Ти Џеј Шортс во овој момент е најдобриот наш играч во сениорскиот национален тим.
И на турнирот во Талин, она што се нарекува прв круг од олимписките претквалификации, Американецот со македонски пасош ја потврди својата класа.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
По трите одиграни натпревари на турнирот во Талин односно во Гљивице, нашиот бек е најдобриот реализатор. Има просек од 20.поени на натпревар, идентичен како и ефектот на Џанан Муса од БиХ, додека веднаш зад овој ударен двоец е Золтан Перл (Унгарија) кој има просек од 19.3 поени.
Босанскиот бек, и член на Реал Мадри има и најдобар индекс на корисност по одигрувањето на првата фаза (завршната исто така ќе ја игра во Гљивице). Има индекс 23, пред Чехот Вит Крејчи со 20.3 и неговиот репрезентативен соиграч Јусуф Нукиќ кој има 18.7 индексни поени.
Нуркиќ е најдобриот скокач во овој дел од претквалификациите со просек од осум скока по натпревар, зад него се Гиорги Голоман (Унгарија), односно Сандер Раиесте (Естонија) со по 7.7.
Пољакот Матеуш Понитка е најдобриот асистент затоа што во просек има по 7.7 асистенции со кои е нешто подобар од Един Атиќ (БиХ) со 7.3, односно Вит Крајчи (Чешка) кој има 6.7. додавања.