Новајлијата во првата македонска лига, екипата на Тиквеш денес претстави три засилувања.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најголемо засилување се очекувања да биде Ристе Каракамишев кој доаѓа од екипатана Силекс.
„Каракамишев Ристе е новиот фудбалер во нашиот клуб. Тој ќе ја потполни испразнетата стоперска позиција. Каракамишев ќе биде во комбинација за Неделниот натпревар против екипата на ФК Борец од Велес. Ристе доаѓа од екипата на ФК Силекс од Кратово. Му посакуваме многу успех во црвено белиот дрес“, соопштија од тимот од Кавадарци.
Покрај него пристигнаа уште Никола Костадинов од ФК Кожуф и Мирза Идризовиќ кој доаѓа од српскиот тим ФК Тутин.
Каракамишев и Идризовиќ ќе ја засилат одбраната, а Костадинов е играч од средниот ред.