Дома Фудбал Италија Тешко оди враќањето на Ибра: Швеѓанецот на загревање повторно се повредил

Тешко оди враќањето на Ибра: Швеѓанецот на загревање повторно се повредил

Mилан викендов освои важни бодови во битката за место помеѓу најдобрите четири победувајќи го Лече со 2:0. Сепак, по победата навивачите повторно добија лоша вест за Златан Ибрахимовиќ.

Напаѓачот на „росонерите“ почувствувал болка на загревањето пред вчерашниот натпревар, па иако требало да биде во конкуренција веднаш се упатил во соблекувалната и сега го чека нова пауза.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Според информациите на италијанските медиуми, Ибра поткривнувал во подтрибинскиот простор на патот до соблекувалната. Засега Милан не се огласил за неговата состојба. Сепак, дека имало некаква повреда потврди Пиоли на прес-конференцијата по натпреварот.

„Почувствувал болка и го прекинал загревањето. Имав план да му дадам минутажа, но самиот ми кажа дека нема да може да настапи“, изјави Пиоли по натпреварот.

Ибрахимовиќ сезонава има многу проблеми со повреди и поради тоа забележа само четири настапи за Милан и на големо се поставува прашањето дали физички е спремен да продолжи да игра фудбал и по оваа сезона.

Ќе потсетиме, поради ваквите проблеми Ибрахимовиќ не е пријавен ниту за настап во Лигата на шампионите каде што Милан ќе игра полуфинале против Интер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вегхорст влезе и ја сруши храбрата Полска 🎥

Во првиот натпревар од денешната програма на Европското првенство Холандија славеше против…