Дома Трансфер зона Тешка повреда на Давид Силва, нема да игра фудбал пред 2024 година

Тешка повреда на Давид Силва, нема да игра фудбал пред 2024 година

Реал Сосиедад изминатата сезона го обезбеди учеството во групната фаза од Лигата на шампионите, а еден од најзаслужните за успешната сезона беше прославениот Шпанец, Давид Силва.

Легендарниот фудбалер го напуштил последниот тренинг поради тешка повреда на вкрстените лигаменти на левата нога.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


По прегледите докторите заклучиле дека Силва најверојатно ќе го пропушти првиот дел од претстојната сезона и на терен би требало да се врати дури 2024 година.

Иако наредниот јануари полни 38 години, Давид Силва е многу важен дел за баскиската екипа за која во минатата сезона одигра 38 натпревари и со три гола и седум асистенции придонесе за пласманот на четвртата позиција во Примера.

Така Сосиедад ќе мора во групната фаза да биде без Силва кој ќе може да помогне во вториот дел од Лигата на шампионите, секако ако Шпанеците се пласираат во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја постави цената на Алфонсо Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го н…