Додека добива критики од сите страни, Ерик Тен Хаг е убеден дека ќе успее да ги сврти работите во Манчестер Јунајтед во своја корист.
Притисокот врз холандскиот стратег е голем по лошите резултати и фановите бараат отказ. Но, Тен Хаг и понатаму е убеден дека сезоната која не ја започна добро ќе биде успешна за Манчестер Јунајтед.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Ќе имаме успешна сезона. Ништо не е лесно, не сум во паника, верувам дека ќе ги решиме сите проблеми. Овој тим е способен да излезе од оваа ситуација. За токаз не размислувам, не сум анкциозен. Со сите во клубот постигнавме заедништво и стоиме зад тоа. Знаеме дека станува збор за транзиционен период. Секогаш во последните шест сезони освојував трофеј, целиме кон тоа и оваа“, изјави Тен Хаг.
Манчестер Јунајтед од почетокот на сезоната во Премиер лигата во шест кола веќе има три порази и тоа секако не е старт каков што навивачите очекуваа.