Дома Фудбал Англија Тен Хаг го избра новиот капитен на Манчестер Јунајтед

Тен Хаг го избра новиот капитен на Манчестер Јунајтед

Холандскиот стратег Ерик тен Хаг минатата недела и официјално беше промовиран за нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тен Хаг ќе седне на кормилото ова лето и сигурно ќе направи многу промени во тимот, а целта секако ќе биде да го врати Јунајтед на победничките патеки.

Иако Холанѓанецот дури на лето ќе ја преземе функцијата, тој веќе почнал со работа и го избрал капитенот на следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека Тен Хаг одлучил капитенската лента да му ја додели на Де Геа, кој игра уште една одлична сезона и има големо влијание во соблекувалната.

Во моментов капитен е Мегваер, но неговите чести киксирања во одбраната, придонесоа за несигурност кај навивачите, но дефанзивецот ја загуби и довербата кај соиграчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Норвешка го објасни потегот којшто ја шокираше планетата

Селекторот на Норвешка Стале Солбакен објасни дека одлуката да излезе со речиси целосно из…