Холандскиот стратег, Ерик Тен Хаг е под притисок во Манчестер Јунајтед откако тимот во првите три кола претрпе два порази.
Утре Јунајтед го очекува натпревар против Саутемптон, а евентуален кикс во овој дуел би можел сериозно да ја загрози иднината на Холанѓанецот. Но, треба да се каже и дека Тен Хаг има сериозни проблеми со повредите во тимот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Холанѓанецот не може да смета на неколку дефанзивци. Најблиску до враќање се напаѓачот Хојлунд и Лук Шо, меѓутоа тие нема да бидат ниту на клупата со Саутемптон. На листата повредени се: Лени Јоро, Мејсон Маунт, Виктор Линделоф и Тајрел Маласија.
Како добра вест може да се истакне само враќањето на Угарте кој имаше настап за репрезентацијата и тој би можел да дебитира во утрешниот натпревар.