Дома Останати Тажен тениски момент: Дали ова значи крај на кариерата за Дел Потро?

Тажен тениски момент: Дали ова значи крај на кариерата за Дел Потро?

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро беше подложен на операција на коленото и неизвесно е дали ќе продолжи професионално да игра тенис.

Според „Ројтерс“, за време на операцијата, беше отстранет фрагмент од коската. Не се знае точното време за закрепнување на тенисерот.


Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓


Дел Потро претходно изразил сомневање дека по операцијата ќе може да ја продолжи кариерата.

„Дали тој меч ми беше последен во кариерата, не знам. Во текот на опоравувањето ќе можам со чиста глава да размислам добро и ќе знам дали моето тело ќе може подоцна да поднесува напори. Благодарност до сите за поддршката!“, истакна Делпо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Шварцман се расплака во родниот град и замина во пензија (Видео)

Аргентинскиот тенисер Дијего Шварцман синоќа во родниот град го одигра последниот меч во к…