Дома Трансфер зона Сусо официјално побара трансфер

Сусо официјално побара трансфер

Италијанските медиуми открија дека шпанскиот интернационалец Сусо имал состанок со раководството на Милан и за време на средбата ги информирал дека сакал да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.

Сусо оваа сезона се вклупи во „сивилото“ на Милан и не игра во добра форма, па беше мета на критики од навивачите.

Со пристигнувањето на Ибрахимивиќ и промената на формацијата Сусо се пресели на клупата за резерви, па самиот побара да ја промени средината.

Милан е спремен да го продаде и нема да му стои на патот, а со оглед на фактот дека неговата цена падна, „росонерите“ се спремни да го пуштат доколку пристигне понуда од 25 милиони евра.

Неговиот агент, Мино Раиола веќе преговара со заинтересираните клубови, а тоа се Валенсија, Атлетико Мадрид и Севиља.

Се очекува овие клубови наскоро да испратат понуда до Милан, па доколку ги задоволат финансиските апетите на „росонерите“ Сусо ќе се врати во Шпанија до крајот на месецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Конечно договор: Манчестер Јунајтед ја засили одбраната

Манчестер Јунајтед е на чекор од комплетирање на трансферот на левиот бек на Порто, Алекс …