Дома Трансфер зона „Суперкласико“ го заврши во солзи, но сега си обезбеди трансфер во Европа!

„Суперкласико“ го заврши во солзи, но сега си обезбеди трансфер во Европа!

magalan

Изминатиот викенд после неколку одложувања конечно го добивме шампионот на Јужна Америка. Одложениот реванш се одигра во Мадрид, а на крајот трофејот заврши во рацете на Ривер.

Фудбалерите на Бока беа поразени откако први стигнаа до водство, имаа предност се до дваесетина минути пред крајот на „Суперкласико“, но тогаш Ривер изедначи, за до победата да стигне после продолженијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тешко им падна поразот на сино-жолтите, но Лисандро Магалан од редовите на Бока сега доби причина за задоволство бидејќи обезбеди трансфер во Европа.

Овој 25 годишен дефанзивец можеби не успеа да ги запре фудбалерите на Ривер минатата недела, но со одличните настапи во дресот на аргентинскиот гигант во изминатите две години го привлече вниманието на европските клубови.

Денес Бока ја прифати понудата од холандски Ајакс за Магалан вредна девет милиони евра, па овој фудбалер наскоро ќе го реализира трансферот во редовите на холандскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…