Дома Фудбал Судијата кој „свирна“ крај во 85. минута ќе суди на Светското првенство

Судијата кој „свирна“ крај во 85. минута ќе суди на Светското првенство

Eдна од најинтересните ситуации на последниот Африкански Куп на Нации се случи на натпреварот помеѓу Мали и Тунис кога судијата Џани Сикавезе однекоја причина отсвири крај на средбата во 85. минута.

Во тој момент разбирливо настанаа големи протести од страна на фудбалерите на Тунис кои губеа со 0:1, натпреварот на крајот се продолжи, но повторно Сикавезе го заврши во 89. минута. И тогаш следуваа протести, но овој пат одлуката не се промени.

Причина што оваа ситуација се враќа во центарот на вниманието на јавноста е што Сикавезе доби повик од ФИФА да суди на Мундијалот во Катар на крајот на оваа година. Чудно е што после ваков „кикс“ добива шанса да им суди на најдобрите светски репрезентации, но останува да видиме како ќе се покаже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја освои „Копа“, па порача: Трофејот требаше да заврши кај Кубарси!

Ѕвездата на Барселона по третпат го доби признанието за најдобар млад фудбалер, но во свој…