Дома Фудбал Судир на титаните: Азар и Џеко со фантастични партии (Видео)

Судир на титаните: Азар и Џеко со фантастични партии (Видео)

Во фантастичниот меч од ЛШ, Челзи водеше со 2:0 против Рома, на крајот дуелот заврши со реми резултат, односно 3:3.

Од почетокот се виде дека на „Стемфорд Бриџ“ ќе има многу изненадувања, но никој не очекуваше ваков епилог.

Голеадата ја стартуваше Давид Луиз во 11 минута со својот погодок. Азар за „Плавите“ донесе двојна предност.

Набрзо Коларов успеа да ја намали негативата на 2:1, а потоа следеше шоуто на Един Џеко.

Најпрво во 64. минута постигна одличен погодок, а потоа и во 70. минута го добори Куртоа.

Но, на другата страна тука беше Азар кој во 75. минута погоди за 3:3 и стави точка на овој судир на титаните.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…