Искусниот габонски напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг би можел да си замине од Арсенал до крајот овој преоден рок, а главни кандидати за негово доведување се Јувентус и Барселона, дознава „Атлетик“.
Барселона и Јувентус минатото лето договорија размена во која Пјаниќ се пресели во Каталонија, а Артур во Торино. Сега патиштата повторно би можеле да им се „вкрстат“, но на поинаков начин.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Јувентус го доведе Влаховиќ, тука е и Мората и тешко е да се замисли дека во продолжение од шампионатот ќе влезе и со Обамејанг. Тоа ја отвара можноста Мората да се пресели во Барселона, а на негово место да дојде Габонецот кој неодамна остана без капитенската лента во Арсенал.
Значи, доаѓањето во Серија А за Обамејанг зависи од Алваро Мората кој ако остане во Јувентус тогаш поголеми се шансите Габонецот да заврши во Барселона. Барселона го задржа Депај, пред потпис е и Адама Траоре, но освен Лук Де Јонг нема „деветка“, таа улога би требало да ја добие Обамејанг.
Останува да видиме што ќе се случува до крајот на преодниот рок во наредните три дена.