Дома Трансфер зона Суарез едвај трча, но веќе го договорил трансферот во новиот клуб

Суарез едвај трча, но веќе го договорил трансферот во новиот клуб

Напаѓачот на Гремио, Луис Суарез сепак ќе потпише за Интер Мајами.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако јавно призна дека едвај трча и не може да игра без инјекции и апчиња, Луис Суарез ќе продолжи да игра уште некое време.

Фабрицио Романо денеска потврди дека останува само формалност Суарез да потпише за Интер Мајами.

Таму го чекаат старите соиграчи од Барселона и неговите најблиски пријатели, пред се Лионел Меси, но и Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Суарез се прости од Гремио со победничкиот гол против Васко Де Гама и се очекува наскоро да отпатува за Флорида за да го потпише договорот.

Да потсетиме, МЛС започнува дури во февруари, па Уругваецот пристигнува на почетокот на подготовките во јануари…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…