Дома Фудбал Стрелецот за „Волчицата“: Арбитрите да соберат храброст и да свират и против Барса…

Стрелецот за „Волчицата“: Арбитрите да соберат храброст и да свират и против Барса…

Фудбалерите на Рома вечерва беа поразени на „Камп Ноу“ од Барселона со 4:1 во рамки на првиот четвртфинален меч во ЛШ.

Во доста чуден натпревар, Барселона успеа на крајот да слави со 4:1 иако не покажа ништо специјално вечерва. Со два автогола, односно погодоци на Пике и Суарез на крајот Каталонците запишаа висока победа.

Единствениот погодок за Рома го постигна Един Џеко десеттина минути пред крајот. Џеко по мечот истакна дека е јасно дека Барселона е посилна од „Волчицата“, но порача дека судијата мора да има повеќе храброст да свири нешто против Барселона.

„Барселона е посилна од нас, но судијата мора да има храброст нешто да свири против Барселона. Да беше свирен пенал, натпреварот би бил поинаков. Штета, резултатот е 4:1 и е превисок и буквално три погодоци си дадовме самите на себеси“, истакна Џеко по мечот во Шпанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дебаклот од 1:9 ја затресе клупата: Ленс повторно го смени тренерот

Јаник Каузак доби отказ по три порази во низа, а Франјо Ивановиќ за само три месеци вторпа…