Дома Кошарка Страв и трепет: Познат составот на Американците за Олимписките игри во Париз

Страв и трепет: Познат составот на Американците за Олимписките игри во Париз

Голем дел од медиумите во САД веќе го објавуваат тимот со кој Американците ќе играат на Олимписките игри во Париз во летото кое следи.

Објавени се имиња на 11 од 12 играчи за кои се одлучил селекторот Стив Кер. Американците со составот предводен од Леброн Џејмс и Стеф Кари ќе бидат први фаворити за златото.

Покрај споменатите двајца во тимот се уште: Кевин Дурант, Ентони Едвардс, Ентони Дејвис, Тајрис Халибартон, Девин Букер, Џоел Ембид, Џејсон Тејтум, Џру Холидај и Бем Адебајо.

Првиот натпревар САД на Олимписките игри го игра против Србија на 28 јуили, а во нивната група ќе биде уште Јужен Судан и еден квалификант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Две слободни за историја: МЗТ одбележува три децении од победата над Реал

На 6 ноември 1996 година МЗТ го совлада Реал Мадрид со 69-68. Триесет години подоцна, реша…