Дома Топ вести Стигна демант од ЦСКА Софија: Јомов не добил казна за играњето под допинг против Македонија Ѓ.П

Стигна демант од ЦСКА Софија: Јомов не добил казна за играњето под допинг против Македонија Ѓ.П

Oткако медиумите во Бугарија објавија дека Георги Јомов, фудбалерот на ЦСКА, Софија добил суспензија од четири години се огласија од бугарскиот клуб и ги демантираат таквите информации.


Германија пред елиминација!? - 8 ден ↓↓↓



„Информациите на медиумите за казната на Георги Јомов не се точни. Би сакале да кажеме дека нема нова казна. Ниту еден одговорен орган не го коментирал случајот. На сила е одлуката на 25.08.22, суспензија од 90 дена. Рочиштата сè уште траат, а Јомов допрва ќе ја достави својата одбрана до надлежните институции“, стои во соопштението од ЦСКА

Крилниот фудбалер заработи суспензија на 25. август кога УЕФА објави дека во неговото тело биле пронајдени недозволени супстанци после натпреварот против Македонија Ѓорче Петров кој се одигра на 28. јули. На оваа средба Јомов беше и стрелец за бугарскиот клуб.

Примероците на тестовите покажале дека Јомов бил позитивен на супстанцата дехидрохлометилтестостерон која е стопирана во продажаба уште во 90-тите години и може да се купи само на црниот пазар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Косово на подарок ќе добие стадион од Катар

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! По Мундијалот во…