Дома Фудбал Останато Стигна демант лично од Венгер: Тоа се лажни вести (ВИДЕО)

Стигна демант лично од Венгер: Тоа се лажни вести (ВИДЕО)

Се појави информација дека е на чекор од нова работа, но Французинот сега ги демантира таквите информации.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Неодамна „Франс Фудбал“ најави дека Арсен Венгер ќе биде наследникот на Џенаро Гатузо на клупата на Милан.

Популарниот „Професор“ е без ангажман откако по завршувањето на минатата сезона го напушти Арсенал после 22 години поминати во клубот.

Освен со Милан тој се поврзуваше со Монако, Фенербахче, ПСЖ (спортски директор), како и со репрезентацијата на Јапонија, но сега самиот Венгер ги демантираше овие информации.

„Единствено што можам да ви кажам е дека тоа се лажни вести. Доколку потпишев некаде, ќе ви кажав, но тоа не е точно“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Силва си ја отвори душата и откри кој гигант го одбил: Не сакав да одам таму сега

На крајот од сезоната, Бернардо Силва планира да го напушти сегашниот тим, но сѐ уште не е…