Дома Фудбал Англија Стерлинг му се извини на Шахтјор и на судијата: Немав намера да симулирам!

Стерлинг му се извини на Шахтјор и на судијата: Немав намера да симулирам!

0

На синоќешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Шахтјор беше виден еден од најсмешните пенали на фудбалските терени во последно време.

Главен актер беше Рахим Стерлинг кој недопрен од никого падна како покосен пред противничкиот гол, а судијата Касаи наседна на „симулацијата“ и покажа на белата точка.

Стерлинг не испадна чесен на лице место да му каже на судијата дека не беше пенал, но затоа се извини по завршувањето на мечот.

„Не барав пенал, ниту симулирав. Се спрепнав, но не сакав да изнудам пенал. Единствено што можам во моментов е да се извинам на судијата и на Шахтјор, немав намера никого да излажам“, истакна Стерлинг.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сари има сериозен проблем: Ако сака да се излечи мора да ги остави цигарите

Долгогодишната лоша навика Маурицио Сари го доведе до голем проблем. Сари не патуваше со т…