Дома Фудбал Статистиката против Сосиедад е доказ колку Роналдо му недостига на Реал Мадрид

Статистиката против Сосиедад е доказ колку Роналдо му недостига на Реал Мадрид

0

Португалецот Кристијано Роналдо очигледно многу му недостига на Реал Мадрид.

Иако тоа се претпоставуваше уште кога замина во Јувентус, Реал игра доста слабо, но никој не очекуваше дека ќе изгледа како сега.

Реал загуби дури шест натпревари оваа сезона во Ла Лига после 18 одиграни кола, а последниот во низата порази веше вечерашниот од Сосиедад.

Клубот од Баскија славеше со 2:0 и на тој начин го прекина 15-годишниот пост на гости против Реал Мадрид, а тоа во ерата на Роналдо не се случи ниту еднаш.

Роналдо беше член на Реал од 2009. година и во тој период Кралевите никогаш не биле поразени во Ла Лига од Сосиедад.

На последните три натпревари на домашен терен против вечерашниот противник, Португалецот постигнал шест погодоци и две асистенции, а Реал ги победил сите три натпревари со резултат 3:1, 3:0 и 5:2.

Нормално, освен Роналдо од оваа сезона го нема и тренерот Зидан, а како сега стојат работите Французинот во текот на оваа сезона би можел да добие и трет наследник.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мајсторија на Роналдо за Португалија! (ВИДЕО)

Кристиано Роналдо игра одличен натпревар за Португалија против Литванија. Португалија има …