Дома Фудбал Стативите го спречија Уругвај да ја победи Кореа

Стативите го спречија Уругвај да ја победи Кореа

Уругвај и Јужна Кореа одиграа реми без голови во нивнит прв меч на Мундијалот, а за ремито повеќе треба да жали репрезентацијата на Уругвај.

Јужнокорејците подобро го отворија мечот и во првите минути неколку пати се заканија по голот на Уругвај. Меѓутоа, тимот на Диего Алонсо постепено се ослободи од притисокот и во 19-та минута преку Валверде го упати првиот шут кон голот.

Две минути пред крајот на полувремето Диего Годин погоди статива после ударот со глава, па на полувреме се замина без голови.

Во второто полувреме повторно голманот на Јужна Кореа имаше повеќе работа, а одбраната на Уругвај добро се неутрализираше Сон.

Во 64-та минута Кавани го замени Суарез во нападот, па Нуњес имаше поголема слобода и во 81-та минута одлично шутираше, но топката помина покрај стативата.

На почетокот на 90-та минута Валверде испрати проектил, но немаше среќа и ја погоди стативата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галијани влегува во игра за врвот на ФИГЦ, Малаго брои 13 сојузници

Дел од клубовите во Серија А го разгледуваат Адријано Галијани како кандидат за прв човек …