Дома Трансфер зона Стариџ заминува од Ливерпул, позната следната дестинација

Стариџ заминува од Ливерпул, позната следната дестинација

Во Ливерпул постои огромна конкуренција кога е нападот во прашање, па поради тоа на крајот на сезоната Стариџ ќе го напушти „Енфилд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Салах, Фирмињо и Мане се неприкосновени, додека Ориги и Стариџ мораат да чекаат на своја шанса. Што се однесува до Белгиецот, тој е прва резерва и него ќе му биде предложен нов договор, додека Стариџ сигурно заминува.

Како еден од фаворитите за неговиот потпис се споменува тимот на Лестер кој сака да направи тандем со Џејми Варди.

Главна улога во трансферот може да одигра менаџерот на „лисиците“, Брендон Роџерс, кој одлично ги познава квалитетите на Стариџ.

Стариџ пристигна на „Енфилд“ во 2012 година и до сега одгра 155 натпревари за Ливерпул, но неговата кариера ја одбележаа бројни повреди.

Англичанецот оваа сезона има 24 настапи со скромна минутажа, постигна четиро гола и запиша две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…