Дома Фудбал Италија „Старата дама“ во ШОК: Игуаин мора на операција

„Старата дама“ во ШОК: Игуаин мора на операција

Италијанските медуми пренесуваат дека напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин ќе мора да биде опериран!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Аргентинецот поради фрактура на левата шака го пропушти и синоќешниот меч против Кротоне, па готово сигурно нема да игра во големото дерби против Наполи кое на програмата е во петок.

Се уште не се знае точно колку време Игуаин ќе отсуствува од терените, веројатно ќе биде познато после операцијата.

Сигурно е дека неговите поранешни навивачи на „Сан Паоло“ нема да можат да го исвиркуваат, а добро е познато дека Игуаин е најомразената личност во Неапол.

Инаку напаѓачот со повреда на шаката се здоби при незгода на еден од тренинзите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Рангник повторно не се договори со Милан

Селекторот на Австрија Ралф Рангник најверојатно ќе ја задржи својата позиција на чело на …