Италијанскиот стратег, Антонио Конте имаше фантастична прва сезона на клупата на Челзи.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конте минатото лето пристигна на „Стемфорд Бриџ“ и веднаш успеа да ја освои титулата шампион на Англија. Секако, Роман Абрамовиќ е познат како човек кој не штеди многу пари, па Конте би можел да биде награден.
Како што тврди „Daily Mail“, Конте наскоро би требало да потпише нов договор со „Сините“. Тој договор би го врзал со клубот до летото 2021. година, а годишно би заработувал околку 9.5 милиони евра.
Потсетуваме, овој 47-годишен стратег во својата кариера ги водеше екипите на Арецо, Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус и репрезентацијата на Италија.