Натпреварот од 13. коло во АБА лигата помеѓу Мега и Црвена Звезда ќе остане запаметен по тоа што траеше долго и некои атипични статистички податоци, а лесно можеше да се случи да се запамети и по тепачката помеѓу играчите.
Кон средината на последната четвртина, Гога Битадзе се обиде да го сопре Лесор кој тргна да забие поради што Французинот можеше да доживее сериозна повреда.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Во прв момент изгледаше дека се ќе се заврши со извинување на репрезентативецот на Грузија, но играчите почнаа расправија па мораше да интервенира и обезбедувањето.
Судиите долго ја гледаа снимката, на крајот доделија технички грешки на клупите, а исклучување заработи и спортскиот директор на гостите, Небојша Илиќ.
Она што судиите не забележаа е моментот кога помошниот тренер на Мега, Бојан Љубојевиќ влезе во лицето на Перо Антиќ, но затоа гледачите крај малите екрани го приметија тој детал и помислија дека е добро на крајот што нашиот интернационалец не изреагира.
Еве што се случуваше, погледнете во продолжение: