Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Србија испушти два гола предност против Камерун

Србија испушти два гола предност против Камерун


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Србија и Камерун одиграа возбудлив натпревар со многу голови пресврти, кој на крајот заврши без победник 3:3

Србија уште од самиот старт тргна офанзивно и првата голема шанса на мечот ја имаше Митровиќ во 12-та минута, но биеше покрај стативата.

Тоа го казни Камерун, кој прв постигна гол, откако Кастелето во 28.минута остана сам на втората статива после еден корнер.

Потоа следуваше период во кој доминираше Србија, па направи комплетен пресврт во само неколку минути. Павловиќ израмни на 1:1, а за пресврт погоди Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

На стартот на вториот дел Митровиќ зголеми на 3:1, па се чинеше дека Србија ќе дојде до лесна победа. Меѓутоа, за само две минути Камерун постигна два гола поради лошо поставената офсајд замка на Србите.

Србија со крајот се обидуваше да стигне до победа, во 76-та минута Митровиќ имаше добра шанса, излезе сам пред голманот, но не успеа да го совлада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Гакпо погреши, избрза со трансферот во Ливерпул“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Искусниот стратег Ро…