Дома Останати Тенис Србинот Троицки изгуби меч откако водеше со 6:0, 5:1 и 40:15!

Србинот Троицки изгуби меч откако водеше со 6:0, 5:1 и 40:15!

0

Српскиот тенисер Виктор Троицки на неверојатен начин изгуби меч во квалификациите за Челенџ турнирот во Хелиброн.

Троицки против Унгарецот Атила Балаж водеше со 6:1, 5:1 и 40:15, пропушти четири меч топки и потоа после еден голем и чудесен пресврт изгуби.

Сепак, 259-тиот тенисер на АТП листата немаше премногу причини за тагување со оглед на тоа дека го продолжи својот настап како „среќен губитник“, а освен тоа во првото коло беше слободен бидејќи во ждребот влезе место осмиот носител, Максимилијан Метенер кој се откажа поради повреда на коленото.

33 годишниот Троицки во кариерата освои три титули, а најдобриот пласман му беше 12-тото место во јуни 2011 година.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

ВИДЕО: Специјален гостин на Ѓоковиќ – детето кое го победи ракот!

Најдобриот тенисер во светот направи се само детето да се чувствува како вистински шампион…