Дома Фудбал Лига на шампиони Спектакуларен пресврт на Јунајтед, Челзи и Баерн убедливи🎥

Спектакуларен пресврт на Јунајтед, Челзи и Баерн убедливи🎥

Манчестер Јунајтед со спектакуларен пресврт ја победи Аталанта (3:2) во третото коло од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После првите две кола јасно е дека Јунајтед се наоѓаше пред императив победа, но работите не тргнаа добро за „црвените ѓаволи“.

Имено, Аталанта рано стигна до водство со голот на Пашалиќ и го шокира Олд Трафорд, а неколку минути подоцна Демирал погоди за 2:0, резултат со кој се замина на одмор.

„Црвените ѓаволи“ во второто полувреме тргнаа фуриозно и кончено после многу промашени шанси, Рашфорд погоди за 1:2. Мегваер постигна гол за израмнување, а Роналдо го завери големиот пресврт во 81-та минута.

Во другиот натпревар од оваа група Виљареал стигна до висока победа против Јанг Бојс од 1:4.

За разлика од Јунајтед фаворитите Баерн Минхен и Челси немаа такви проблеми и славеа со 4:0 против Бенфика односно Малме.

Јувентус продолжува да реди победи во Лигата на шампиони и со 1:0 славеше на гостувањето кај Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона со план да го доведе Кејн

Барселона стапи во контакт со претставниците на Хари Кејн со цел да ги испита можностите з…