Дома Трансфер зона Составот од играчи кои Зидан ги „отпиша“ изгледа одлично! (ФОТО)

Составот од играчи кои Зидан ги „отпиша“ изгледа одлично! (ФОТО)

Реал Мадрид преодниот рок го започна со доведување на неколку звучни имиња, а сигурно дека најмногу се издвојува името на Еден Азар.

„Кралевите“ сакаат да направат големи промени во играчкиот кадар после сезоната во која не освоија скоро ништо. Зидан даде до знаење дека некои работи мораат да се менуваат во екипата која освои скоро се што можеше.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


После неколку потврдени трансфери во Реал сега се очекува и продажба на неколку фудбалери. Мадритска „Марка“ објави дека клубот мора да заработи 300 милиони евра за да нема проблеми со финансискиот фер плеј.

На трансфер листата на „кралевите“ се наоѓаат повеќе од 10 фудбалери и помеѓу нив има навистина неколку звучни имиња. Секако, тука најмногу се издвојуваат Герет Бејл, Хамес Родригез, Иско, Матео Ковачиќ…

„Марка“ сега објави како изгледа составот од играчи на кои Зидан не смета.

Играчите кои Реал сака да ги продаде се: Кејлор Навас, Начо, Ваљехо, Тео Ернандез, Лукас Васкез, Љоренте, Иско, Себаљос, Ковачиќ, Бејл, Де Томас, Маријано, Хамес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…