Дома Фудбал Англија Солскјер ќе го води тимот против Тотенхем, но Јунајтед преговара со Конте

Солскјер ќе го води тимот против Тотенхем, но Јунајтед преговара со Конте

Иако притисокот врз Оле Гунер Солскјер се засилува се повеќе со секој изминат ден, сероијатноста дека ќе го води Манчестер Јунајтед во следниот меч е голема.

Медиумите од Островот пренесуваат дека отказот на Солскјер се уште е на дневен ред на „Олд Трафорд“, но Норвежанецот најверојатно ќе го води тимот во дербито со Тотенхем во сабота.

После срамниот пораз од Ливерпул (0:5) раководството донесе одлука за промена на тренерската функција, но во следниот период Јунајтед игра многу важни натпревари (Тотенхем, Аталанта и Манчестер Сити).

„Црвените ѓаволи“ веќе започнаа преговори со Антонио Конте, кој е спремен да го замени Солскјер, но најверојатно тоа ќе се случи за време на репрезентативната пауза во ноември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …