Дома Фудбал Солскјер: Роналдо може да биде изоставен од тимот

Солскјер: Роналдо може да биде изоставен од тимот

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер е задоволен од дебито на Кристиано Роналдо, но вели дека не е под притисок Португалецот да игра на секој меч.

Солскјер вели дека ќе треба да ги балансира неговите натпревари, со оглед на фактот што Роналдо има 36 години.

„Не е невозможно Роналдо да биде оставен надвор од тимот. Тој има 36 години. Јас треба да најдам баланс за за играта на секој фудбалер. Сметам дека пристигнувањето на Варан и Роналдо ни донесе поголема класа, но и ги натера другите да го подигнат нивото. Сите ги гледаат нив, бидејќи се големи шампиони и сакаат да бидат како нив“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем повторно го мерка Гуири, но прво мора да ослободи место во нападот

Амин Гуири останува опција за Тотенхем во јануари, но евентуалното заминување на Ришарлисо…