Манчестер Јунајтед го загуби на неколку недели еден од своите најдобри фудбалери, Пол Погба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Французинот заработи повреда на бутниот мускул на дуелот со Евертон и ќе отсуствува од терените неколку недели.
Ова го потврди менаџерот Оле Гунер Солскјер пред дуелот со Вест Хем во ФА Купот утре.
„Рехабилитацијата на оваа повреда трае неколку недели. Тој веќе започна да работи со медицинскиот тим, за да може да се врати што е можно побрзо. Пол е многу важен за нас, па нема да ризикуваме ништо“, изјави Солскјер.
Норвежанецот меѓу другото истакна дека амбициите на Јунајтед оваа сезона се да се пласира во финалето од ФА Купот.