Дома Фудбал Солскјер: Победивме поради одбраните на Де Геа, тој е играч на натпреварот

Солскјер: Победивме поради одбраните на Де Геа, тој е играч на натпреварот

Благодарение на одбраните на Де Геа во првото полувреме, но и голот на Роналдо во судиското продолжение на Роналдо, Манчестер Јунајтед го победи Виљареал.

По натпреврот Солскјер призна дека имале среќа во овој натпревар и испрати пофалби за Роналдо. Сепак за не го играч на мечот е Де Геа.

„Ова беше уште една магична ноќ на „Олд Трафорд“. Мора да признаеме дека имавме и среќа. Роналдо многу пати правел вакви работи во кариерата. Видовме и против Ирска пред неколку недели, имаше малку допири во текот на мечот, а потоа во последните минути даде два гола за победа. Го прави тоа во текот на цела кариера. Треба да се каже дека и победивме поради одбраните на Де Геа. За мене тој е играч на натпреварот“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прилеп се простува од Ристо Глигороски, голгетерот што ги обележа Победа и Вардар

Ристо Глигороски почина на 76 години. Зад себе остави значајна голгетерска трага во Победа…