Дома Топ вести Солскјер добива 200 милиони, ќе ги троши на три засилувања

Солскјер добива 200 милиони, ќе ги троши на три засилувања

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер ќе добие голем буџет за засилување на тимот во летниот преоден рок.

Сопствениците на клубот, семејството Глејзер сакаат да го смират незадоволството на навивачите и се спрмени да инвестираат 200 милиони фунти ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Солскјер сака квалитетни засилувања и целиот буџет ќе го потроши на три големи ѕвезди.

Прво засилување треба да биде Џејдон Санчо, кој ова лето може да ја напушти Борусија Дортмунд, а се споменува сума од 90 милиони која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.

Како засилување на средниот ред главна цел е капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш. Медиумите тврдат дека „црвените ѓаволи“ за неговиот потпис се спремни да понудат 70 милиони плус Лингард.

Главна трансфер цел во одбраната е дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафаел Варан, кој е спремен ова лето да ја промени средината и наводно Јунајтед е фаворит за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…