Дефанзивецот на Севиља, Жул Кунде е трансферна цел на Манчестер Јунајтед, пренесуваат медиумите на Островот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле Гунер Солскјер останал воодушевен од квалитетите на 22-годишниот дефанзивец и ќе се обиде да го донесе на „Олд Трафорд“.
Кунде има договор со Севиља до 2024 година со откупна клаузула од 82 милиони евра, па на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе, бидејќи и конкуренцијата е голема.
Дефанзивецот игра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се на Реал Мадрид, кој во него гледа наследник на Серхио Рамос.