Дома Трансфер зона Сократис повеќе не е играч на Арсенал

Сократис повеќе не е играч на Арсенал

Арсенал и Сократис не пронајдоа заеднички јазик во преговорите, па грчкиот дефанзивец и официјално е слободен фудбалер.

Оваа вест ја објави реномираниот „Скај Спорт“, а потоа беше потврдена и од Арсенал.

Сократис претходно се доведуваше во врска со Севиља и Бетис, одби и понуда од Џенова, а од денес се појавија информации дека е во преговори со Шалке.

Во дресот на Арсенал Сократис одиграл 44 натпревари и постигна три гола. Во Арсенал пристигна во 2018 година од Борусија Дортмунд. Покрај Арсенал и Борусија играше уште за Вердер, Милан, Џенова, Волос, кариерата ја започна во АЕК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Динамо има нов бисер: Барселона и два италијански клуба во битка за неговиот потпис

Oд поодамна е познато дека школата на Динамо е една од најдобрите во Европа. Невозможно е …