Дома Фудбал Снајдер: Роналдо не може сам, Јуве нема да биде европски шампион

Снајдер: Роналдо не може сам, Јуве нема да биде европски шампион

Поранешниот играч на Интер, Весли Снајдер смета дека Јувентус не може да ја освои Лига на шампиони.

Јувентус го купи Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, а кога го имате Португалецот тогаш автоматски сте фаворит за ЛШ. Искусниот Холанѓанец сепак смета дека ниту КР не може да и помогне на Старата дама да боде европски првак.

„Мислам дека Јуве нема да биде првак во ЛШ. Не се работи за само еден играч. Нормално, Јувентус е одличен во ЛШ во последните години, но не може се да смени еден човек. Постојат посилни тимови од Јувентус. Ок, можеби ќе бидат најдобри во лигата, но за ЛШ треба повеќе.“ – изјави Снајдер.

Снајдер со Интер ја освои тројната круна во 2010. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан со Сисе во нападот: Роденденски предизвик против Борнмут

Алфадџо Сисе на својот 20. роденден го предводи нападот на Милан, кој гостува кај Борнмут …