Рома и Манчестер Јунајтед не успеаа да постигнат договор со трансфер на Крис Смолинг, па дефанзивецот се враќа на „Олд Трафорд“ откако му истече позајмицата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Смолинг одигра одлична сезона на „Олимпико“ и Рома се обидуваше да го задржи, но не успеа да постигне договор со Манчестер Јунајтед.
Дефанзивецот денес со емотивна порака се прости од „волчицата“ не криејќи дека е разочаран од развојот на ситуацијата.
„Разочаран сум што не можам да ја завршам сезоната која ја започнавме. Искуството и љубовта која ја добив за краткото време овде беа екстра специјални и никогаш нема да ги заборавам. Сакам да се заблагодарам и да им посакам на сите играчи и стручен штаб се најдобро против Севиља“, истакна Смолинг.
За Смолинг интерес покажуваат неколку италијански клубови, а „црвените ѓаволи“ за неговата слобода бараат 20 милиони евра.