Дома Останати Ракомет Словенија ја победи Португалија и ги задржа шансите за полуфинале

Словенија ја победи Португалија и ги задржа шансите за полуфинале

Словенците не ја губат надежта и се уште можат во полуфиналето на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес Словенија ја победи Португалија со 29:24 и ги задржа шансите за пласман во полуфиналето, иако се уште се во по неповолна ситуација во однос на Унгарија.

Словенија ќе навива за Шведска против Унгарија во последното коло кое на програмата е утре, а покрај тоа ќе мораат да ја изненадат и супер силната Норвешка, додека Унгарија игра против отпишаните Португалци.

Португалија играше добро во првиот половина час од денешниот натпревар, водеше со 15:14 на полувреме, меѓутоа во продолжение Словенците направија разлика и на крајот славеа.

Блаж Јанц постигна седум гола, а Борут Моцковсек и Јуре Доленец по шест гола. Кај Португалија најдобар беше Андре Гомеш со шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ ѝ додели организација на Македонија на ЕП до 18 години!

Македонија доби уште една значајна организација на големо ракометно натпреварување, откако…