Дома Македонски спорт Мак фудбал Словенија буди убави сеќавања за македонскиот фудбал (ВИДЕО)

Словенија буди убави сеќавања за македонскиот фудбал (ВИДЕО)

0

Вечерва со почеток во 20:45 часот Македонија ја очекува вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.

После победата во Скопје против Летонија од 3:1 денес како гости ќе играме против Словенија. Словенија е репрезентација која за нас буди навистина убави сеќавања.

Против Словенија Македонија го одигра првиот меѓународен натпревар на гостување во Крањ против Словенија. Македонија предводена од селекторот Андон Дончевски славеше удедлив триумф од 4:1. Македонија настапи со следниот состав: Мицевски, Грозданов, Јовановски, Канатларовски, Најдовски, Јаневски, Бошковски, Марковски, Панчев, Бабунски, Мицевски.

На тој натпревар прв во листата на стрелци се запиша Зоран Бошковски кој така стана човекот кој го постигнал првиот гол за репрезентацијата на Македонија. За убедлива победа против Словенија погодуваа уште Панчев, Јаневски и Драган Канатларовски.

Последните два натпревари кои игравме против Словенците беа од пријателски карактер. Во 2016 година Словенија победи со 1:0, додека во 2012 година ние ги победивме со 3:2.

Вечерва се надеваме на нова победа и продолжување на добрата форма во која се наоѓаме. За разлика од нас Словенија е во црна серија и веќе седум натпревари не знае за победа. На последните четири одиграа нерешено се резултат 1:1 (Израел, Бугарија, Норвешка, Кипар), додека на претходните три запишаа порази (Норвешка, Кипар, Бугарија).

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Де Геа го изгуби статусот во репрезентацијата на Шпанија

Првиот голман на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа го изгуби престижниот статус во репрезент…