Напаѓачот на Хрватска, Марио Манџукиќ израдува илјадници навивачи во родниот град Славонски Брод синоќа за време на натпреварот со Русија на Мундијалот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, фудбалерот на Јувентус дал 25.000 куни (околу 3.500 евра) за пиво за сите приврзаници кои се собрале во тамошната фан-зона да го гледаат четвртфиналниот дуел.
Манџукиќ играше за два клуба од Славонски Брод – Железничар и Марсонија, пред да се пресели во Загреб на 19-годишна возраст.
Градот кој има околу 60.000 жители синоќа со пиво го прослави пласманот во полуфинале на „коцкестите“.
@MarioMandzukic9 Slavonski Brod pic.twitter.com/2CC2k8tcig
— Oktogon (@oktogon1911) July 8, 2018