Дома Фудбал Славен Билиќ добива нова шанса во Англија?

Славен Билиќ добива нова шанса во Англија?

Според последните информации, Славен Билиќ би можел да се врати во Англија и да стане тренер на Кардиф, пренесуваат медиумите на Островот.

Екс-селекторот на Хрватска како што се наведува е главен фаворит да го преземе клубот по заминувањето на Ерол Булут.

За медиумите се огласи и самиот Билиќ.

„Во моментов сум дома, но подготвен сум ако сум потрбен. Иако сум постар, чекам добра прилика, а додека сум слбоден уживам во времето. Со мене се уште се Данило Бутровиќ и Дин Рачуница, па така имам добри луѓе се уште“, изјави Билиќ.

Без ангажман Билиќ е од средината на август кога замина од клупата на Ал-Фатег. Во Англија последен пат работеше во сезоната 2022/2023 кога го водеше Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го запре налетот на Комо: Два гола за 19 минути и нов удар за Фабрегас

Еспозито и Турам ја решија пресметката на „Сан Сиро“ со 2-0, а Комо по шест победи во низа…