Дома Фудбал Останато Скромниот Мане со големо срце: Татко ми почина, сестра ми се породи дома – затоа градам болница! (ВИДЕО)

Скромниот Мане со големо срце: Татко ми почина, сестра ми се породи дома – затоа градам болница! (ВИДЕО)

Освен одличните фудбалски квалитети, Садио Мане е човек кој го краси голема скромност и хуманост. Иако заработува милиони, игра во славен клуб и е многу популарен Сенегалецот никогаш не се откажа од своите принципи.

Денес е објавен документарец под името „Made in Senegal“ со Мане како наратор на својот живот. Посебно се издвојуваат неговите тешки моменти кои ги помина во детството поради што одлучи и да направи болница во свеото родно село Бамбали.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Имав седум години. Требаше да почнеме да играме фудбал кога еден од моите роднини дојде ми кажа дека починал мојот татко. Му кажав да не се шегува, не можев тоа да го разберам. Му дававме некои традиционални лекови и беше мирен три до четири месеци. Тогаш болеста се врати, а бидејќи во Бамбали немавме болница моравме да одиме во соседното село за да му го спасат животот, но тогаш не успеаа“.

„Кога почина татко ми си кажав себе си дека морам да и помогнам на мојата мајка. Тоа беше тешко кога си така млад“.

Две децении подоцна Мане во селото каде што 70% од населението живее во сиромаштија прво изгради училиште , а за неколку месеци ќе биде отворена и болницата.

„Сестра ми се роди дома затоа што немаше болница во нашето село. Тоа беше многу тажна ситуација за сите. Затоа одлучив да направам болница и на луѓето да им дадам надеж“.

Инаку Мане е познат како религиозна личност. Неговиот татко бил имам во локалната џамија. Од дома побегнал на 15 години затоа што семејството не му дозволило да го прекине школувањето.

„Бев навистина храбар да го напуштам семејството и да одам во Дакар. Знаев дека можам да успеам. Никогаш не престанав да сонувам. Семејството започна  да ме сфаќа сериозно, немаа избор, па на крајот ми помогнаа“.

Мане во Европа пристигна во 2011 година кога потпиша за Мец. Година ипол подоцна следуваше трансфер во Ред Бул Салзбур после одличниот настап на Олимписките игри во 2012 година. Подоцна потпиша за Саутемптон.

Сонот го оствари кога во 2016 година потпиша за Ливерпул. Во овој момент тој е еден од најдобрите светски играчи, но во ниту еден момент не заборави од каде доаѓа.

„Сите деца во селото сакаат да бидат фудбалер како што сум и јас, но секогаш им кажувам да одат на училиште и да се образуваат. Можат и да играат фудбал, но ќе бидат успешни ако ги прават двете работи. Можеби да имаше училиште во моето село кога јас бев дете ќе учев повеќе, но тоа не беше случај“, заврши Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…